ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА ВО МАКЕДОНИЈА МИЛАН ПРЕДАН

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес имаше средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан. На средбата се разговараше за политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно за актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа.

Градоначалникот Пецаков го информира словенчкиот дипломат за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона. Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку CMSR – Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средста во висина од 140 илјади евра на ЈП “Водовод“ за филтри за пумпни станици.

Соговорниците се согласија дека Општина Охрид има одлична соработка со Амбасадата на Словенија и дека постои простор таа да се зајакнвуа и продлабочува.