“Инклузија”, со промоција на проектот “Мостови на припадност”

Почитувани,
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија”, ја започнува имплементацијата на проектот “Мостови на припадност”, финансиски поддржан од агенцијата за остварување на правата на заедниците на Република Северна Македонија. Целта на овој проект е да се изградат цврсти основи на меѓукултурен развој и дијалог помеѓу граѓаните од различните етнички заедници, кои егзистираат на територијата на општина Охрид.
Во таа насока, ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на заедничка средба, утре (21/05/2022 година), на која ќе бидат промовирани проектните активности и каде ќе бидат присутни и членови на охридските етникуми.
Средбата ќе се одржи во просториите на големата сала на општина Охрид, со почеток во 11 часот!