Ученичката Илина Илоска освои прво место на литературниот и Ликовен конкурс по повод патрониот празник на О.У Братство Единство

По повод патрониот празник на О.У Братство Единство Охрид , училиштето објави Литературен и Ликовен конкурс под мото ” Да си подадеме рака”

Ученичката од Петто одделение Илина Илоска , под менторство на одделенскиот наставник Зорица Димоска го освои првото место на литературниот натпревар  кој традиционално се одржува во ова училиште.

Наградите на Илина Илоска и на останатите наградени ќе им бидат врачени на пригодна свеченост кој ке се оддржи на 25 Мај 2022 година во среда во централната зграда на О.У Братство единство – крст џамија со почеток во 11 часот.

Во Прилог победничката песна на Илина Илоска :

ДА СИ ПОДАДЕМЕ РАКА

За да го живееме животот без мака
Еден на друг да си подадеме рака.

Во текот на целиот живот твој
Си подаваш рака со ближниот свој.

Бебето за да научи да оди без мака
И подава на својата мајка рака.

На училиште кога другарче да запознаеш сакаш
Му се насмевнуваш и му подаваш рака.

Во животот кога некој да ти помогне сака
Ти дава добар совет и ти подава рака.

Кога некој старец сака улицата да ја мине
Му подаваш рака и му помагаш да премине.

Без разлика на пол,вера и нација
Да си подадеме рака, да помогнеме во секоја ситуација.

Кога му помагаш на блискиот кој го сакаш
Прегрни го, подај му за поддршка рака.

Илина Илоска V-7 одд.