ОТВОРЕН ДЕН ВО ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и советникот Наум Јамандиев  присуствуваа на  Отворениот ден што денес се организираше во Општинскиот Електро Машински Училишен Центар „Св. Наум Охридски“-Охрид.

На настанот се изврши презентација на  струките и профилите за упис на ученици во прва година. Се промовира дуалниот начин на образование и соработката со партнер компаниите: „Костал“, „Магна“, „ОДВ – Електрик“ и „Леарница“ кои имаа изложено свои штандови.

 На отворениот ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ присуствуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири и  ученици од останатите училишта во градов.