ВО ПРЕСРЕТ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ СЕ УРЕДУВА СЦЕНАТА НА ДОЛНИ САРАЈ

Во пресрет на Балкански фестивал, летна сцената на Долни Сарај, забрзано се уредува. Јавното претпријатие „Градски гробишта“ врши реставрирање на оштетените делови од сцената на Долни Сарај, а ЈП „Охридски комуналец“ хортикултурно го оплеменува просторот. Работните активности предвидено е да завршат до 03.07.2015, односно пред почетокот на Балканскиот фестивал.