Сејнур Ракипоски од фризерски салон Индиго- Охрид веше единствен претставник од нашиот град на Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022 кој се одржува за прв пат и е единствен во нашата држава посветен на фризерите, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.
На настанот имаше саем со штандови на кој ќе се претстават еминентни светски брендови за производи на нега на коса, опрема и алати, како од земјата така и од Италија, Србија, потоа сценски шоу настапи на еминентни фризерски имиња од Македонија и како специјални гости ни доаѓаат два тима од Србија, европски и светски носители на награди и едукатори во областа на фризерството.