СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „СПАС БАНЏОВ“

Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид.  Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри.  Претходно се реализираа подготвителни активности , гребење и чистење.

Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид.