Делегација на Здружението Инклузија составен од претседателот Вахид Мемед и Игор Пешевски беа во официјална посета на Костал Македонија со директорот за финансии и администрација Живко Димовски. “Инклузија” во април оваа година беше организатор на обуката за Лидерство во рамките на ФТУ, на кој настан учествуваше и Костал. Целта на оваа денешна средба беше официјализирање на идната соработка и можностите кои ги дава компанијата за младите во регионот со посебен акцент на техничките струки.