ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА РЕПУБЛИКА ТУРИЦИЈА Н.Е. ХАСАН МЕХМЕТ СЕКИЗЌОК

Протоколарна средба денес оствари градначалникот Кирил Пецаков, со турска делегација предводена од Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Хасан мехмет Секизќок. Во турската делегација беа и претседателот на Македонско – Турската бизнис комора (МАТТО), Ајдован Адемоски, сопственикот на туристичката агенција „Бадем Тур“, Џихангир Бадем, како и почесниот конзул на Република Турција во Охрид, Абдураман Бајрактар.

На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка и беше констатирано дека таа во иднина ќе се продлабочува. Соговорниците разговараа за интензивирање на соработката во областа на туризмот, односно организирање на промоција на Охрид на туристичкиот саем во Истанбул.

Градоначалникот Пецаков го запозна амбасадорот со проектот за изградба на нова училишна зграда на ОУ „Братство Единство“, кој треба да се реализира во соработка турската агенција „ТИКА“. Амбасадорот истакна дека лично ќе се заложи за побрза реализација на овој значаен проект за градот.

На средбата се разговараше и за надоградување на соработката во областа на образованието, културата, градежништвото и индустријата.