Како дел од предвидените програмски планови за одржување и уредување на сообраќајниците во градот, во текот на наредните денови, Општина Охрид ќе реализира градежни активности за санација на ударни дупки и асфалтирање на оштетени делови од коловозите на повеќе улици во градот.
Денеска започнаа активности за санација на коловозот на улицата „7-ми Ноември“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со булевар „Железничка“. Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, а доколку немаат неодложна потреба да го избегнуваат движењето по оваа улица додека трааат теренските активности.
Со цел да се подобри инфраструктурата и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, вакви активности ќе бидат реализирани и во останатите делови на територијата на општината, каде што е утврдена потреба, за што граѓаните ќе бидат навремено информирани.