Нема повеќе бизнис со Тезгите во Охрид !!!

Денес управниот одбор на ЈП Градски Пазар Охрид со 3 гласа ЗА изгласа точка во која се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица .

20тина години во Охрид  само едни исти лица добиваат тезги , па истите тезги ги препродаваат со многу повисока цена на трети лица т.е на вистинските продавачи на бижутерија ,храна , пченки и друго .

 Од денес веќе не ќе може добиената локација да се префрли на трето лице или да работи друго лице на локацијата а победникот на наддавањето да не се појавува односно да го продаде на друго лице.

Со денешната одлука на Градски Пазар сето тоа се забранува и доколку не се почитува оваа одлука – веднаш ќе му биде одземено правото на користење на урбаната опрема.

Оваа одлука е разочарувачка за т.н. ” бизнисмени” кои заработуваа на грбот на обичниот работник кој заработува од продавање пченки ,бижутерија и др.

Овие “бизнисмени” веќе не ќе можат локацијата која вреди 15.000 денари да ја препродаваат за 30.000 или 40.000 денари.

Во целост соопштението на ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани учесници на јавниот повик за изнајмување урбана опрема и локации за поставување детски реквизити за забава:

Ве известуваме дека, како што е и наведено во точка 3 од Огласите за изнајмување урбана опрема ,,Доставување на пријави,, – НА ИЗБРАНИОТ НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ОД ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ МУ СЕ ЗАБРАНУВА ИЗНАЈМУВАЊЕ ИЛИ ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА НА ТРЕТИ ЛИЦА!

Доколку се затекне непочитување на условите наведени во Огласот на закупувачот веднаш ќе му биде одземено правото на користење на урбаната опрема.