Народот нема да може да го даде своето мислење за францускиот предлог или за евентуалниот договор со Бугарија преку референдум, туку за сите следни чекори ќе одлучуваат Владата и Собранието, потврди предмалку премиерот Димитар Ковачевски, кој по состанокот со коалиционите партнеру на прес-конференција соопшти дека почнуваат средби на кои ќе се дискутира прифќањето на понудените услови од Бугарија.
Ковачевски рече дека новиот и стариот француски предлог се различни, но не откри која е разликата меѓу нив, ниту пак дали ќе биде споделен претходниот предлог за јавноста сама да оцени.