Левица Охрид: Во канцеларијата на Левица влезе полицијата на СДС и ДУИ, дали е ова обид за заплашување?

ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ НА ЛЕВИЦА ОД ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈА
Во моментов во канцеларијата на ЛЕВИЦА во Охрид, упадна полицијата на СДС и ДУИ, за време кога во канцеларијата се наоѓаат активисти на Црвена младина, подмладокот на ЛЕВИЦА.
Дали фашистичката полиција се исплаши од протестот кој ЛЕВИЦА го организира во Охрид, поради тоа што секојдневно се приклучуваат се’ повеќе охриѓани?
Да и’ порачаме на охридската полиција, оставете ги нашите деца на мир.
Ако ви треба било каква информација можете да го контактирате Модераторот на ЛО ЛЕВИЦА Охрид, Ристе Дојчиниски и советникот на ЛЕВИЦА во совет на Општина Охрид, Виолета Аврамоска.
Инфо: ФБ Левица Охрид