Во нашиот град посебно во централното градско подрачје повторно е забележано присуство на поголем број кучиња скитници кои,најверојатно се донесени и испуштени во напиот град од страна на непознати лица односно донесени се од други градови.
Стручните служби при ЈП Охридкси Комуналец Охрид за ова го известија економскиот оператор со кој јавното претпријатие има склучено Договор за набавка на ветеринарни услуги за да биде запознаен со овој проблем, и од страна на истиот се превземаат активности за заловување и хуман третман на кучињата скитници.
Исто така, ЈП Охридски Комуналец Охрид со писмен допис се обрати до МВР-СВР Охрид и до Комуналната инспекција-Општина Охрид, со кој ги извести за проблемот со присуство на поголем број кучиња скитници во нашиот град,и побара, во рамките на нивните ингеренции,да интервенираат, односно да го спречат носењето скитници од други градови на територијата на општина Охрид.
Фото : Архива