ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕЦАКОВ ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

-Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!

Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме.

Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.

Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.