ПОВТОРЕН ПОВИК ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПЛОВНИТЕ ОБЈЕКТИ ОД „САРАИШТЕ“ И „КАНЕО“

Општина Охрид го повторува повикот до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.

Во спротивно од среда 20.07.2022 година Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците.

Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.