ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КИРИЛ ПЕЦАКОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ИЗМИТ ФАТМА КАПЛАН ХУРИЕТ

Протоколарна средба, денес, оствари градоначалникот Кирил Пецаков со градоначалничката на Општина Измит, Република Турција, Фатма Каплан Хуриет.

На средбата беше потенцирана веќе добрата воспоставена соработка помеѓу Охрид и институциите и општините од Турција. Соговорниците разговараа за размена на искуства во областа на туризмот, но и за воспоставување соработка и во други области.

Договорено беше да се организира и возвратна посета на Измит од страна на делегација од Општина Охрид со цел унапредување на меѓусебната соработка.