ЗАВРШИ ЧЕТИРИНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На денешната 14-та седница на Советот на oпштина Охрид, со мнозинство гласови беа изгласани сите 25 точки на дневниот ред.

Советниците ги усвоија Предлог-програмата за измени на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година; Предлог-програмата за измени на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година, Предлог-програмата за измени на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година, Предлог- програмата за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година, Предлог- програмата за измени на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2022 – 2024 година; Предлог- програмата за измени на програмата за финансиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година; Предлог-програмата за измени на програмата за млади и невладини организации за 2022 година; Предлог- програмата за измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2022 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1); Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА); Предлог- програмата за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2); Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година (НБ); Предлог- програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1); Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 година (ВА); Предлог- програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1); Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2022 – 2024 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода за 2022 – 2024 година; Предлог- програмата за измени и дополнувања на програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година; Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа на општина Охрид за 2022 година; Предлог-одлуката за усвојување на програмата за работа на Советот за заштита на потрошувачите на општина Охрид за период 2022 – 2023 година.

Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-одлуката за отстапување на користење паркинг простор од општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“ Охрид и Предлог-одлуката за престанување на важност на одлуката за давање согласност на одлуката за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП„Охридски комуналец“ Охрид на ЈП„Погребни услуги“ Охрид и одлуката за отстапување на право на сопственост на недвижен имот – полигон за обука на возачи од ЈП „Погребни услуги“ Охрид на ЈП „Градски гробишта“ Охрид.