СДСМ Охрид,
Да се засрамите што ги злоупотребувате трудот и маката на вработените за да прикажете лажна слика за градот.
Нехумано и безобразно е да користите фотографии од работа на терен и санација на дефекти за да прикажете наводен хаос во градот.
Вашата неработа, нестручност и непрофесионализам во изведувањето на активностите додека бевте локална власт сега ја плаќаат граѓаните.
Граѓаните беа сведоци како изгледаа криминалните активности на СДСМ кога се креваше и пропаѓаше асфалтот на улиците ,,АСНОМ”, ,,Железничка” и „Јане Сандански“, но и сега гледаат како треба да изгледаат вистински проектите.
Можете колку сакате да фотографирате, но граѓаните добија нови водоводни линии на улиците: „Карпош Војвода“, „Пирин Планина“, „Прилепска“, „Македонски просветители“, „Ирена Мирка Гинова“, ,,Бранко Шотра”, бул. „Туристичка“, населбите Горно Коњско и Шипокно.
Улиците во Охрид добија нов лик со асфалтирање на: ,,Веле Марко”, ,,28 Април”, ,,Ирина Гинова-Мирка”, ,,Дејан Војвода”, „8 Март“, ,,Прилепска“, „Момчило Јорданоски“, „Спас Банџов“, трите краци од „Даме Груев“, неколку краци од улици низ Велгошти.
Со ВМРО-ДПМНЕ на власт многу повеќе е направено за нецела една година отколку за четири години додека беше СДСМ.
Вие само сликајте и потценувајте го народот впрочем тоа и само знаете, а ние во интерес на граѓаните има да работиме и посветено да ги реализираме зацртаните проекти.
ВМРО-ДПМНЕ знае само да работи, а СДСМ само да краде и манипулира!Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид