ЗАВРШИ ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА ПЕТНАЕСЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

На продолжението на петнаесетата седница на Советот на Општина Охрид со мнозинство гласови советници ги усвоија предлог одлуките за извештаите за работа на Јавните претпријатија „Билјанини извори“, „Водовод“ , „Градски грбоишта“ , „Градски пазар“ и „Нискоградба“  за периодот од 01.04 до 30.06.2022 година.

Советниците дадоа зелено светло и за предлог одлуките за давање донација на ДПД Ентузијаст Охрид- Дебрца, за партиципација и сопствено учество на општина Охрид во проектот „ Развој на спортски туризам во општина Охрид – изградба на вежбалиште за голф “, за формирање на општински совет за социјална заштита, за формирање на координативно тело за оценување на имплементација на трет локален еколошки акционен план на општина Охрид,  за пренесување на правото на користење на ПМВ возило марка „Мерцедес “ – сопственост на општина Охрид на ЈП „Водовод“ Охрид.

По исцрпување на дневниот ред заврши продолжението на петнаесетата седница на Советот на Општина Охрид.