Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери, денеска, беа во посета на Општина Охрид. Тие остварија средба со градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот, Александар Китески.
На средбата градоначалникот ги запозна гостите со начинот на функционирање на Локалната самоуправа и нејзините надлежности. Исто така градоначалникот ги запозна и со културно историските знаменитости на градот, како и со предизвиците со кои се соочува во насока на статусот на УНЕСКО.
Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политики лидери, во мај годинава градоначалникот Кирил Пецаков престојуваше во Соединетите американски држави.
Во рамки на програмата за размена на Американскиот совет на млади политики лидери, во мај годинава градоначалникот Кирил Пецаков престојуваше во Соединетите американски држави.