ОПШТИНА ОХРИД ПОКРОВИТЕЛ НА ТУРНИРОТ ВО ФУДБАЛ ЗА ДЕЦА ОД ОХРИДСКИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ

Денес во просториите на Општина Охрид се одржа координативен состанок поврзан со Фудбалскиот турнир за деца.

Турнирот ќе се одржи на први и втори октомври, а учество ќе земат деца кои активно тренираат во охридските фудбалски клубови.

Покровител на фудбалскиот турнир е Општина Охрид.