Започна 35. Охридски пливачки маратон

Започна 35. Охридски пливачки маратон.
Им посакувам мирни води на пливачите.

Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот “Билјана јуниор”.

Градоначалник – Кирил Пецаков

 

Во машка категорија се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, од Словенија доаѓа Арне Фурлан Штулар, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единствената девојка на годинашниот маратон ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.