ОПШТИНА ОХРИД СО БРОЈНИ АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА НА МЛАДИТЕ

Градоначалникот Кирил Пецаков денес во својот  кабинет   оствари работна средба со  Претседателката на Клубот за младински прашања и политики  при Собранието на Република Македонија, пратеничката Моника Зајкова и со претставници од Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).

На состанокот се разговараше за можностите  да  се преземат конкретни   активности за зајакнување на соработката помеѓу  Собранието и Општина Охрид , со вклученост  на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општествените текови , како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани.  Заеднички беше истакнато дека Општина Охрид е една од ретките на територијата на државава  во која веќе функционира  општинскиот  Совет на млади, а наскоро се очекува да профункционира  Центарот на млади кој ќe биде сместен во  просториите на ХАБ касарната во Охрид.

По работната средба во Кабинетот градоначалникот и претставниците од Клубот за младински прашања и политики   при Македонското Собрание и од ИДЕУЕП имаа работна средба со  раководните лица  за млади и спорт и за процесот на дигитализација во Општина Охрид, претставници од различни политички партии, Советници од советот на  Општина Охрид и од општинскиот Совет на млади. Пред присутните беше објаснет начинот на формирање, управување и функционирање на Советот на млади како и постапките за дигитализација на општинските услуги кои се во тек. Свое излагање пред присутните имаа и членови на останати младински здруженија од градов.