Шќип Медиа: „Вива Фреш“ го купува „Тинекс“ за 90 милиони евра

Косовскиот малопродажен гигант „Вива Фреш“ постигна договор со македонскиот трговски синџир „Тинекс“ во сопственост на семејството Владимир Тодоровиќ, ексклузивно дознава порталот Shqipmedia.

Вредноста на купопродажниот договор се вели дека е некаде околу 90 милиони евра, додека продажбата се очекува да биде потпишана и официјализирана во наредните денови.

Косовската компанија „Вива Фреш“ го поседува и синџирот супермаркети „Кит Го“.

извор: Shqipmedia

фото: Архива