ВРЕМЕНО ЌЕ БИДЕ ЗАТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ КРАК ОД УЛИЦА „АРИФ МУСТАФА“

Поради изведување на градежни активности за поставување на фекална канализација, утре 21.10.2022 (петок) во периодот од 9 до 13 часот ќе биде времено затворен за сообраќај крак од улица „Ариф Мустафа“.

Се упатува молба до граѓаните кои живеат во околните куќи и станбени згради да не минуваат со своите возила на овој потег, во горенаведениот временски период.