ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПРИКЛУЧИ НА КАМПАЊАТА „ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ, СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ“

На Градскиот плоштад, денес, се реализираше кампања под мотото „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“. Во кампањата активно се вклучи и градоначалникот Кирил Пецаков.

– Со цел да ја подигнеме свеста кај семејствата за што повеќе деца да бидат згрижани ја организираме оваа презентација денес во соработка со СОС Детско село. Како Локална самоуправа се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” и веќе работиме на тоа за згрижувачките семејства да обезбедиме еднократен причен надомест од 15 000 денари. Ова ќе го предвидиме во програмата за социјална заштита за 2023 година. Оваа помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, ќе претставува почеток на поддршката која ќе придонесе децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, истакна градоначалникот Пецаков.

Денешниот настан  се реализираше во рамки на националната кампања која се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и Општина Охрид.