СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице и 40-годишно, двајцата од Охрид и правно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Прво и второпријавениот, сопственици и управители на пријавеното правно лице, во периодот од 16-ти јули 2022 до 31-ви август 2022 година закупиле објект лоциран во „Св. Стефан“, а потоа пред објектот зазеле туѓа недвижност, која со пропис е прогласена за имот во општа употреба-плажа, и противправно поставиле 120 лежалки и 50 чадори за сонце, за чие користење вршеле наплата, информираат од МВР.