Сдсм Охрид преку фб пост баеа извинување од Демир Далип.
Сдсм Охрид Фб Пост :
Категорично ги демантираме тврдењата на Демир Далип дека СДСМ Охрид, Претседателката на СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска или било кој член на СДСМ Охрид врши политички прогон, мобинг и дискриминација преку Директорката на ЈЗУ “Здравствен Дом ” Охрид д-р Ајсел Зејноска.
СДСМ е партија која исклучително се залага за еднаквост меѓу сите граѓани и го почитува секој еден државјанин на Република Северна Македонија. Залагање за еднакви права за сите и почитување на туѓото мислење се наши начела.
Го повикуваме Демир Далип во рок од 48 часа да даде јавно извинување на ист начин како што ги изнесе невистините. Во спротивно, ќе се превземат сите правни дејстава.