Во врска со написот објавен на Вашиот веб портал со кој пренесувате фејсбук статус на лицето Демир Далип Ве известувам Вас и јавноста дека ваквите изнесени наводи кои ги пренесувате се неосновани,паушални и изнесени злонамерно со цел да се наштети на мојот личен интегритет и професионални квалификации и се единствено политички мотивирани за ситни политички поени, како и да се наштети на институцијата ЈЗУ Здравствен дом Охрид во кој најпрофесионално се работи, етички и неполитички.
Заради ваквото постапување и пренесување на невистини барам од Вас ова мое произнесување да го објавите и воедно Ве известувам дека соодветно извинување и повлекување на изнесеното ќе побарам од Демир Далип а согласно законските прописи, а доколку тоа не го направи ќе поведам тужба пред надлежен суд.
Со почит
Д-р Ајсел Зејноска