СЕ ЗАБРАНУВА ПАРКИРАЊЕ НА УЛИЦА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Поради изведување на градежни работи – поставување на атмосферска канализација на улица „Марко Цепенков“ се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на тој потег дека во функција е времен режим на сообраќај, при што се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со улица „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.

Овие градежни активности се дел од годишниот план на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици на Општина Охрид, за што уредно се информирани сите засегнати институции.