“Мојот советник под лупа”
Извештај за активноста на советниците во советот на општина Охрид, за период од една година
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид, го спроведува истражување за првата година од функционирањето на советот преку анализата за работата на советниците преку проектот “Мојот советник под лупа”, со цел зголемување на транспарентноста, отчетноста и доброто владеење на локалната самоуправа и запознавање на јавноста со работата на нивните претставници во општината.
Согласно записници од одржаните седници на советот на општина Охрид, како и снимените седници во живо, во периодот од ноември 2021-та до септември 2022 година, најголем број излагања на седниците, 43, имала Живка Ангелоска , советник и координатор на советничката група на СДСМ.
По нејзе следуваат Ванчо Костоски од ВМРО – Народна партија, со 28 излагања, , Перчо Божиновски советник и кординатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ со 22 излагања, неговиот колега Сашо Донев претседател на совет со 21 излагање,Бојан Михајловски советник од редовите на СДСМ со 20 излагања и Виолета Аврамоска од Левица, со вкупно 17 излагања.
Во однос на советничките прашања Советникот Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ поставил две, исто колку и Живка Ангелоска од СДСМ како кординатори на советнички групи.
Понатаму по две прашања поставиле, Стојан Митрески,Деса Косаркоска и Бојан Михајловски од СДСМ, Благородна Чулческа,Ана Крстеска ,Сашо Донев и Александра Настоска Николоска од ВМРО – ДПМНЕ ,исто така, две прашања поставила и советничката Милена Грозданоска од НСДП.
Советникот Кире Пердулоски од ВМРО-ДПМНЕ поставил едно прашање,исто како советниците Наум Јамандиев,Леона Кичеец и Билјана Тодеска Стојановска .
Од останатите советници, Арбен Демироски како независен советник од заедницата на Египќаните имал 9 излагања, Наум Јамандиев од ВМРО-ДПМНЕ 8, Деса Косаркоска дискутирала 7 пати, Ана Крстеска од ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Наумоски независен советник се пријавиле за 6 дискусии,Благородна Чулческа и Горан Маркоски од ВМРО – ДПМНЕ дискутирале четири пати, исто колку и советникот Александра Настоска Николоска од истата партија .
Едно излагање имала Билјана Тодева Стојановска од Социјалистичката партија, како и Нефи Усеини и Бесник Османи од ДУИ, Стојан Митрески и Науме Јованоски од СДСМ како и Кире Пердулоски од ВМРО-ДПМНЕ,Леона Кичеец независна советничка со нов мандат и Милена Грозданоска од НСДП.Без ниту едно излагање или поставено советничко прашање се Димитар Велјаноски независен советник во оставка од листата Охрид пред се и Горан Стојаноски од ВМРО – ДПМНЕ.
Излагањата на преседателите на комисии во врска со работата на комисиите,не се сметаат во предвид како излагања на советници.
Меѓу шесте најактивни советници,две се жени и еден е млад советник до 29 години.
Во овој период, иницијативи и предлог амандмани поднеле Виолета Аврамоска од Левица,исто така прашања до службите во текот на седниците поставиле советниците Горан Маркоски,Живка Ангелоска,Антонио Наумоски,Бојан Михајловски, Ванчо Костоски и Виолета Аврамоска. Здружението ги подготвува овие анализи, не со цел да укаже на евентуален недостаток во работатата на советниците од аспект на нивната служба кон граѓаните, туку, напротив, за да се зголеми информираноста на самите граѓани во делот на застапувањето на нивните проблеми и потреби непосредно преку оние кои тие ги изгласале, како нивни репрезенти во локалната власт.
На тој начин, сметаме дека ќе се зголеми отчетноста и транспарентноста на самите советници, во однос на реализацијата на нивните програми, во насока на нивно поттикнување да покажат подобри и поефективни резултати во периодот до наредните локални избори.
Фото : Архива