Градоначалникот Пецаков оствари средба со преставници од Лунд Универзитет Шведска

Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во Охрид оствари работна средба со главните раководители на Програмата CIPSS 2022-2023- Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска.

Делегацијата ја сочинуваа програмските раководители Илхами Алкан Олсон и Јохана Алкан Олсон и проф. д-р Спирос Софос кој е програмски ментор на работната група и доаѓа од Центарот за Блискиот Исток на LSE (London school for economics and political science). Номинираниот тим на општина Охрид којшто присуствуваше на средбата е активен учесник во Програмата која започна во септември 2022, а ќе трае до април 2023.

 

Градоначалникот Пецаков беше информиран дека фокусот на Програмата е преку менторски сесии, работни задачи и конкретни проекти да се зголемат капацитетите на општинските службеници т. е. истите да ко- дизајнираат одржливи, еластични и инклузивни јавни средини и услуги со фокус на SDG 11 – Одржливи градови и заедници.

Шведскиот универзитет Лунд е реномиран европски универзитет кој е основан во 1666 година и постојано е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети во Светот. Универзитетот има околу 44.000 студенти и повеќе од 8. 000 вработени со седиште во Лунд, Хелсингборг и Малме.