Државниот санитарен и здравствен инспекторат го затвори одделението за трансфузиологија во Охрид поради лоши услови. Д-р Лилјана Ристовска Деспотовска, специјалист епидемиолог за Охрид 1 вели дека Државниот санитарен и здравстевн инспекторат ПО Охрид , при вршење на редовен инспекциски надзор во службата за трансфузиологија констатирани се санитарно-технички недостатоци во просториите наменети за крводарители кои се сместени во сутеренски простории на болницата (оштетени подни и ѕидни површини, појава на влага, дотрајан инвентар) кое оневозможува тековно одржување на хигиената. Истите се ставени вон употреба до отстранување на недостатоците.
Согласно годишниот и месечните планови на Инспекторатот, ќе се изврши контрола и во одделението за трансфузиологија во Струга, вели Ристовска Деспотовска.