Локалниот совет на млади во Охрид како заложник на мала група на млади без младински беграунд

Локалниот совет на млади во Охрид како заложник на мала група на млади без младински беграунд

Локалниот совет на млади ,избран преку локалното собрание на млади во Охрид ,доаѓа после многу време како притисок од законот за младинско учество каде се дефинираат рамките на младинската политика во државата но и телата и механизмите за имплементација и подобрување на младинската политика на национално и локално ниво.
Општина Охрид многу наивно без консултација со преставници на младински организации и младински работници кои години наназад работаат на ова прашање гласни и за младинската иселеност како проблем на Охрид а со тоа и можност за станување на Охрид како пензионерски град без преспектива и можност за кариера на младите го започна процесот .

Во иницијативниот одбор за отпочнување на формирање на собрание на млади а потоа и локален совет на млади се поставија млади од неактивни организации и лица кои не биле дел од младински активизам и иницијативи блиски до двете најголеми партии ,исклучувајќи ги вистинските борци за правата на младите со реални проекти и залагања за младинската политика на локално ниво со смешни и измислени аргументи и критериуми.

Отвореноста ,транспарентноста и инклузивноста треба да биде основна водилка на ова тело кое треба да биде репрезент на сите млади од различни сегменти и припадности лобирајќи младинскиот глас да не биде ехо и декор при креирање на политиките кои ќе ги засегаат младите .

Имено одредени членови во законот ,не се допрецизирани и се остава простор за манипулација онаква каква се случува и во Охрид.

На повикот на општина Охрид за пријавување на делегати во собранието на млади освен две до три организации и политички подмладоци сите други организации се организации кои немаат допирна точка со младинската политика и немале ни активности ни проекти со млади за да бидат релевантни претставници на младите и нивните права.

Имено претседателот на локалниот совет на млади е избран и за раководител на Центарот за млади која се наоѓа во просториите на поранешна Касарна,исто како и братот на претседавачот на Собранието на млади ,многу судири на интерес во едно место помеѓу оваа мала група.

Најскандалозна е поканата за нова седница на собрание на млади ,за избор на нов член на ЛМС со оглед дека има оставка од еден член ,на најголемиот ден за Охрид ослободувањето на градот ,во исти час и исто место каде и ќе се одржува манифестација за денот на ослободувањето на градот ,со многу пригоди и активности ,намерно искористувајќи го денот за да биде скриен од јавноста изборот на нов член во ЛМС човек од истата мала група ,највероватно претседавачот на собрание ,со оглед дека има дополнување на дневниот ред со избор на нов претседавач на локалното собрание на млади.

Локалниот совет на млади е репрезент на младите во Охрид и советодавно тело кое дава препораки и насоки за младинската политика и младинските потреби и таму треба да бидат вистински репрезенти ,обучени млади и луѓе кои барем посетиле една обука за младинско учество и организирање а не средношколци,аматери и преставници на измислени проформа организации со нула буџети на годишно ниво.
Локалниот совет на млади не смее и неможе да биде само декор во служба и влијание на епицентар на моќ .
Инклузивноста и еднаквоста е битен сегмент во изборот на млади во ЛМС ,овај сегмент во ЛМС Охрид е згазен со што сите членови се припадници на македонската заедница и не можност другите млади од различни заедници да бидат репрезенти на нивните проблеми и потреби на локално ниво.

Повеќе од потребно е оставка на цело собрание и ЛМС и почнување на постапка за нов избор со почитување на процедури и без задкулисни игри со мониторинг на релевантни организации и младински работници.

ОхридВест