ПРЕРЕГИСТРАЦИЈА НА ПЛОВНИТЕ ВОЗИЛА

Општина Охрид ги информира сите физички лица кои вршат услужни дејности поврзани со водениот превоз кои се реализираат со пловен објект со јачина на мотор кој не надминува 10 коњски сили и кој вклучува превоз на максимум 12 лица, дека  согласно Законот за туристичка дејност член 52, потребно е  истите да ги  регистрираат во Регистарот за туристичка дејност што го води Градоначалникот на општина Охрид.

Истото можат да го направат и  во Секторот за ТЛЕР при општина Охрид со локација над  УНИ БАНКА со поднесување на БАРАЊЕ (  кое е објавено на  општинската страна  или може да се подигне во просториите на Секторот за ТЛЕР ).

Физичките лица кон БАРАЊЕТО треба да ја приложат следната документација:

–  УВЕРЕНИЕ за оспособеност за управување со чамец
– ПЛОВИДБЕНА ДОЗВОЛА
– Осигурителна полиса (осигурување од повреда и смрт)

Подетални информации може да добиете во секторот за ТЛЕР или на телефонскиот број 046/230 175.