Светот останува на младите” е честа изрека во жаргонот на ,,возрасните”, а политиките што беа спроведени за младите од страна на ДПМНЕ и СДС не доносеа никакви резултати, туку овие политики ги доведоа нашите врсници до дефетизам и незаинтересираност за процесите што се водат против нивната волја и на крај овие политики доведуваат до состојбата кога младите луѓе се одлучуваат да купат авионски билети во еден правец.
Доказ за тоа е анкетата што ја спроведе ТВМ со прашањето: „Можат ли младите да променат нешто?“ – покажува загрижувачки резултати во однос на познавањето на предностите кој ги носи законот за младинско учество и младински политики.
На прашањето: „Дали знаете што е Локален совет на млади?“ – 53,7% од испитаниците одговориле дека НЕ знаат што е Локален совет на млади;
На прашањето: „Дали знаете што е Службеник за млади?“ – 71,7% од испитаниците одговориле дека НЕ знаат што е Службеник за млади.
Ваквите одговори се последици на нетраспарентноста на ЛСМ и Службеникот за млади за нивната работа, анкетите што се водат во рамките на ЛСМ се ограничени на одредена монополска групација на младински организации и не знаеме ние останатите што се случува и што се гласа во името на младината. Исто така законот не предвидува предлагање на точки на дневен ред од страна на сите млади што живеат во Општина Охрид, туку само можат да го сторат тоа членовите на ЛСМ што доведува до неефикасност во решавањето на проблемите на младите, а и исто така младите и младинските организации не знаат кога се оддржуваат седниците за да можат истите да ги надгледуваат.
Црвена Младина Охрид ќе продолжи да се бори за зголемување на квалитетот на животот за нас младите и потсетува дека ние младите може да бидеме најголем двигател во општеството.