Прекршен законот за употреба на Македонскиот јазик од страна на Општина Охрид

Почитувани медиуми,

Во прилог следи нашата Реакција до јавноста: ПРЕКРШЕН ЗАКОНОТОТ ЗА УПОТРЕБА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ОД СТРАНА НА ОПШТИНА ОХРИД
На 11.11.2022 година членот на советот во Општина Охрид од политичката партија Левица – Виолета Аврамоска до претседателот на Совет на Општина Охрид – Сашо Донев поднесе иницијатива за замена на странскиот израз ,,Bus Stop“ со соодветен поим од македонската лексика ,,Автобуска постојка“ на сите постојки во околината на Охрид.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Македонскиот јазик е службен јазик во Република Македонија, односно македонскиот литературен јазик и неговото кирилско писмо.  Македонскиот јазик, покрај употребата во органите на државната власт, се употребува и во органите на локалната самоуправа како и за обележувње на јавните места, натписите во средствата за јавен превоз и во јавните објекти што е регулирано со Закон од Владата на Република Македонија и Министерството за култура.
Со означувањето на автобуските постојки само на англиски јазик, постапено е спротивно на член 5 од Законот, кое постапување би значело и прекршочна одговорност за Општина Охрид и градоначалникот.
Со цел да се избегне инспекцискиот надзор, како и прекршочна одговорност, бараме од ваша страна, истите да бидат обележани на македонски јазик и кирилично писмо, во рок од осум дена.
Со почит,
Левица ЛО Охрид