образование и спорт, Милва Економи – државен министер за стандардите на услугите, Елиса Спиропали – државен министер за односите со Собранието, Мајлинда Дука – државен министер и главен преговарач со ЕУ и Фатос Река – амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија.
По официјалниот пречек, премиерите Ковачевски и Рама, ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува меѓувладината седница на која што двајцата премиери Ковачевски и Рама ќе имаат воведни обраќања, по што ќе следува дискусија помеѓу владините делегации на двете држави.
Воедно, на денешната седница ќе бидат потпишани договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
По завршувањето на меѓувладината седница, премиерите Ковачевски и Рама ќе одржат заедничка прес-конференција.