Во држава каде што за време на енормна криза им се крати на студенти, земјоделци и работници, наместо да им се кратат привилегиите на функционерите, охридските претставници во законодавното собрание од редовите на ДПМНЕ и СДС од септември 2021 до август 2022 година, заедно потрошиле 932.816 денари или петнаесет илјади евра.
На врвот од листата охридски пратеници на кои му е исплатен патен надоместок се наоѓа Жаклина Лазаревска од СДС која потрошила 301.884 денари. Веднаш до неа, од редовите на ДПМНЕ стои u Лидија Петкоска која потрошила 234.713 денари и Александар Николовски со 205.568денари, на Лазе Таневски од СДС исплатени му се 185.795 денари и на Грација Бакраческа од ДПМНЕ – 4856 денари.
Сакаме да ги потсетиме овие лица дека и редовниот автобуски превоз може да биде доволно комфорен за да стигнат до своето работно место – во парламентот, наместо да патуваат со приватни шофери и луксузни автомобили, затоа што народот памти и враќа.
Од СДС и ДУИ беше одбиена точката за законски измени предложена од Левица да биде ставена на дневен ред, односно од вкупно 108 пратеници, 89 гласаа „ПРОТИВ”, што значи не беше изгласан Предлог на Законот од Левица за укинување на патните трошоци на пратениците (кои имаат плати повисоки од 1.000 евра) и кратење на противуставното т.н. право на апанажа на пратениците од Собраните на Република Македонија. На овој начин СДС и ДУИ бесрамно го ограбуваат и така осиромашениот народ (иако тоа беше ветување на СДС во 2017 година).
Политичката партија Левица и понатаму ќе има за цел да ги УКИНЕ ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ, а пратиниците преку личен пример ја застапуваат целта да се укинат патните надоместоци и апанажата!