Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска во „Студио 10“ повтори дека 1 јануари 2023 година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но според неговата изјава, сепак, останува поголемиот данок. Имено, за да се спречи граѓаните да плаќаат повисоки сметки лани во јули данокот беше намален и во моментов изнесува 5 отсто, меѓутоа одлуката што беше донесе предвидува тој постепено да се враќа до старото ниво од 18 отсто. Првото етапно враќање е предвидено од 1 јануари 2023 од кога данокот треба да биде 10 отсто.
- Ние како ЕСМ она што го правиме е значително да ги намалиме непродуктивните трошоци, да го зголемиме домашното производство. Зголеменото домашно производство значи и намалена цена на домашно произведената електрична енергија. Така што во тие насоки ќе гледаме цената да биде избалансирана и, она што го слушнавте и од министерот за економија и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), не е очекувано да има зголемување на цената за електрична енергија освен оној дел од данокот, кој знаеме сите дека од 1 јануари треба наместо 5 да биде 10 проценти затоа што минатата одлука така се донесе и важноста на законот е од 1 јануари да има зголемување на данок, односно враќање на даночната стапка периодично во наредните години до процент колку што беше пред прогласувањето на кризната состојба и одлуката за данокот, рече Ковачевски.
- Фото: архива