ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК СЕ ОПРЕМУВА И УСОВРШУВА ОЕМУЦ „СВ НАУМ ОХРИДСКИ“

Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е  четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина  добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника.