Охрид е завршена и пуштена за сообраќај под времен режим освен кај Подмоље каде се одвиваат градежните работи за колекторскиот систем.
Овој пат, мора и ќе добие на динамика затоа што инфраструктурата значи интензивирање не економските релации, и ние мора да вложуваме во патна инфраструктура ако сакаме развој на економијата.
Изминативе пет години, Владата предводена од СДСМ и сите коалициони партнери изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри.
И среќен сум што реализацијата на патната инфраструктура продолжи без разлика на тешката економска криза не само кај нас, туку и во цела Европа.
Се гради автопатот Скопје – Блаце во прва фаза, течат активности за изградба на автопатот Гостивар – Кичево, на автопатот Тетово – Гостивар, на автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, на автопатот Прилеп – Битола. Последниве кои ги кажав се во фаза на избор на консултант кој треба да ги доврши сите договорни обврски со изведувачот и таму да се започне со конкретни работи на терен.
Досега ги изградивме експресните патишта Штип – Радовиш, завршена е првата фаза од патот Штип – Крупиште.
Во овој момент активно тече изградбата на експресните патишта Градско – Дреново, Дреново – Фариш, Крупиште – Кочани, Ранковце – Крива Паланка.
Активно се одвива реконструкцијата и на регионални патишта во должина од околу 130 километри. Завршени се градежните работи и на делницата Плетвар.
Оваа Влада е посветена и прави сѐ за европската иднина на земјата, за економски развој на Северна Македонија, подобра сообраќајна поврзаност и пред сè подобар квалитет на живот за сите граѓани без разлика во кој дел од земјата живеат.
За крај ќе посакам успешна работа и како и што реков, завршувањето на овој патен правец е приоритет и за Владата но и задача за Министерството за транспорт и врски и за ЈПДП. Очекувам до средината на идната година да се оспособи левата лента за сообраќај со околу 90% за да можат граѓаните да ја користат, а министерот за транспорт има задача секојдневно да се грижи, да биде фокусиран за да се исполни рокот до крајот на идната година да се завршат целосно градежните работи“.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски рече дека за овој проект многумина сметаа дека ќе остане заглавен, оваа Влада ги отстрани сите недостатоци и проектот продолжи да се гради.
“Покажавме сериозност и еве денеска на терен потврдуваме прогрес на работите. Даваме силен фокус на изградбата на оваа автопатска делница. Автопатот мора да се изгради согласно договорот со изведувачот. Средствата ги имаме, нашите тимови ги следат потребите на изведувачот, единствено останува силна изградба на терен. Само во овој момент има преку 800 работници на траса и преку 390 машини кои активно работат на целата делница. Тунелот е еден од проблемите со кои се соочивме, но тоа е веќе минато. Денеска имаме финализирање на асфалтерските работи и ме радува тоа што градежните активности и на оваа позиција веќе завршуваат”, рече министерот Бочварски.
Директорот на ЈП државни патишта Ејуп Рустеми рече дека трасата на автопатот во градба Кичево – Охрид е комплициран предел, кадешто е и тунелот, поточно кадешто се пробиени две тунелски цевки во кои се изведуваат завршните асфалтерски работи. „Тој има две цевки, кои имаат коловоз со ширина од по 7,50м и четири попречни премини, од кои едниот е за возила, а останатите три се за пешаци. Вкупната должина на десната цевка на тунелот е 1994,5м, а на левата цевка 2015,5м, или вкупно 4010м. Овој тунел ќе биде најсовремениот тунел изграден по европски и светски стандарди”, рече директорот на ЈП државни патишта Рустеми.