УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“, ООУ „БРАТСТВО ЕДИНСТВО“ И ООУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Учениците од четврто одделение при OОУ „Христо Узунов“, OОУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“ денеска беа во посета на Општина Охрид.

Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески и реководителот на Секторот за образование и детска заштита, Димитар Спасески ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и главните општински симболи.

Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Општество.