ОТВОРЕНО ПИСМО НА ДЕМИР ДАЛИП:ЗОШТО, СДСМ НЕ ЈА ПОЧИТУВА СООДВЕТНАТА И ПРАВИЧНАТА ЗАСТАПЕНОСТ НА ЕГИПКАНИТЕ, КОГА СЕ ВРАБОТУВА ВО ЈАВНИТЕ УСТАНОВИ И АДМИНИСТРАЦИЈАТА?

После, доаѓање на власт, СДСМ нема вработено ниту 1 Египканец или Египканка во Јавната Администрација, притоа не почитувајки ја ПРАВИЧНАТА И СООДВЕТНА ЗАСТАПЕНОСТ на помалите етнички заедници, а ниту Охридскиот Рамковен Договор. Тоа, придонесува за заминување на кадрите со кои располага етничката заедница на Египканите, во еден правец во западно-европските држави. Ова состојба говори дека де факто и де јуре се запрени интерграционите процеси за Египканите и нивно вклучување во институциите на системот. Последните вработувања на Египканите во Администрацијата се направени од страна на ВМРО ДПМНЕ. Како лојални грагани на ова држава Македонија, се прашуваме зошто актуелната власт, нема слух за потребите на Египкание??? Египканите и Египканите се јавуваат на Огласите за вработување и во Администрацијата и во Јавните Установи, но многу раритетно е нивното ефектуирање со редовен работен однос.Ваквата состојба ја знаат и Амбасадите и мегународната заедница.Останува да се надеваме дека истата ке се корегира, бидејки Египканите се убедливо најмаргинализирана етничка заедница, нема ниту стипендии за ученици и студенти Египкани, а има за други, тоа е типична дискриминација, истакна дипл.правник Демир Далип, од НГИ,,КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ,,.

Тој, додаде дека единствена светла точка е Градоначалникот на Охрид, Д-р Кирил Пецаков, кој и на дело врши институционална интеграција на Египканите, а тој пример треба да го следат и останатите.