ЗАВРШИЈА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА УЛИЦА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.

Старата и нефукционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во фунцкија за жителите од овој дел од градот.

Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.