Неделен преглед од активностите на ,,Паркови и зеленило”
– После вчерашното невреме проследено со силен ветер, дежурните екипи имаа полни раце работа за санирање на паднати гранки и дрвја на повеќе локации во градот; Веднаш се мобилизираа екипите и се интервенираше во ноќните часови за отстранување на паднатите гранки и дрвја за да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаци
– Од тековните активности се продолжи со собирање на суви лисја во градскиот парк и касарната, кратење на ниски гранки за непречено минување на пешаци од дрворедот по ул.,,Булевар Туристичка”, отстранување ниска вегетација вдолж ,,Булевар Туристичка” и тековно одржување на зелениот појас по ул.,, Македонски Просветители”
– Се надополни уредувањето со декоративен камен на новото хортикултурно катче од дворот на општина Охрид околу традиционалното охридско кајче, кое со жолтите хризантеми претставува впечатливо хортикултурно решение





