Почитувани медиуми,
во прилог следи нашата Реакција до јавноста:
Во време на голема економска криза кога обичниот граѓанин не може да ги подмири основните потреби, градоначалникот Пецаков по стапките на неговите претходници продолжува со расипничко трошење пари од граѓаните за ресторански услуги.
Една од најзадолжените општини во Република Македонија со вкупен долг над 22 милиони евра, Општина Охрид, во охридските хотели и ресторани има потрошено 503,500 денари од јануари до ноември 2022 година и тоа во ресторан „Амфора“ – 193.000, ресторан „Острово“ – 147.000, хотел-ресторан „Тино“ – 83.396 и хотел „Аквалина“ – 79.314 денари.
Вртоглавите цифри како доказ за зголемените апетити на локалната власт се преземени од порталот „Отворени финанси“ – open.finance.gov.mk . Најостро го осудуваме ваквиот начин на неодговорно однесување на градоначалникот и неговите блиски партиски другари.
Локалниот огранок од политичката партија Левица бара да се престане со расипничко трошење на парите од граѓаните!
#ЛевицаОдСоветите
#ДржаватаЗаНародот
Со почит,
Левица-Охрид