ПОКЛОН КОН ЗАШТИТНИКОТ НА ОХРИД – СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

Денеска, во рамки на чествувањата посветени на „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Заштитникот Охридски Светителот „Климент Охридски“. Цвеќе положија и делегации од збратимените и пријателски градови, претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од   охридската гимназија и  битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.