На вчерашаната комисија за финансирање и буџет се усвои амандман за изработка на проект за водонабдителниот систем познат како Свинишки Извори.
Амандманот беше поднесен од пратеникот на ВМРО НП Љубчо Балкоски и истиот со 11 гласа за беше усвоен.
Потребата од ваков дополнителен систем за снабдување со вода на Охрид иоколните села е повеќе од потребен.
Со реализација на овај водовод Охрид ќе добие дополнителни 245 л/сек квалитетна вода за пиење а најважно е тоа што со овај водовод ќе се избегнат големите сметки за потрошена електрична енергија.
Изворот се наоѓа на 1020мнв и водата по природен пат ќе доаѓа до резервоарите во Охрид со што ќе се избегне водата да се испумпува како што е случај сега.
Со реализацијата на овај проект сите села и населени места кој гравитираат кон стара Коселска општина ќе го решат деценискиот проблем со недостаток на вода.